а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

средина

средината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 657
1. Место еднакво или скоро еднакво оддалечено од краиштата на нешто.
Англиски: middle Албански: mes
Примери:
Одеше по средината на улицата.
На средината на игралиштето.
2. Внатрешниот дел на леб, лубеница и сл.
Англиски: middle Албански: mes
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ја јадеше само средината на лебот.
3. Време еднакво или скоро еднакво оддалечено од почетокот и од крајот; среден момент во развитокот на нешто.
Англиски: middle Албански: mes
Примери:
Кон средината на месецот.
Во средината на мај.
Во средината на играта.
4. Средна позиција во нешто.
Англиски: middle Албански: mesi
Примери:
Мораше да се изјасни, средина немаше.
Се држи до средината.
Кај него немаше средина.
5. Целокупност на услови во кои поминува животот на човека.
Англиски: environment Албански: mjedis
Примери:
Растел во таква средина.
Семејна средина.
6. Луѓе сврзани со општи услови за живот, работа и сл.
Англиски: surrounding Албански: përreth
Примери:
Професорска средина.
Работничка средина.
Музичка средина.
Изрази
Златна средина - најдобар избор, место меѓу две крајности.