стапица
мн. стапици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1820
1.
Справа за фаќање диви животни.
Примери:
Селаните ставаа стапици.
Се фати волкот в стапица.
Изрази
(посл.) Итра лисица среде стапица.
Падне во стапица.
Тура некому стапица.