стока
мн. стоки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1555
1.
Продукт на трудот, особено подвижни предмети, наменети за размена.
Примери:
Нашите трговци оделе по стока во сите поголеми градови во Европа.
индустриска стока
стока за широка потрошувачка
увоз, извоз на стока
Си ја познава стоката.
Што стока!
Изрази
(посл.) Убавата стока сама се продава.
Што стока е овој човек?
(разг.) Не е стока ни тој.