страна
мн. страни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 107
1.
Пространство, место што се наоѓа оддесно или одлево, однапред или одзади на нешто.
Примери:
По едната страна на мостот.
Од горната страна на селото.
На левата страна на улицата.
Од една страна... , од друга страна.
Од моја страна. Од сите страни.
Од страна на некого.
3.
Една од површините на нешто.
Примери:
Од оваа страна е лицето.
насловна страна
Отворете на петта страна.
4.
Во геометријата - права линија што заградува геометриска фигура.
Примери:
страните на триаголникот
5.
Четирите страни на светот.
Примери:
источна страна
северна страна
6.
особеност, црта
Примери:
Уметничката страна на текстот.
Неговите добри и лоши страни.
Слично со:
црта (ж.)
8.
мера: 1/2 товар
Примери:
Товар дрва изгорела / страна борина исцепила.
10.
Секоја одделна страница на една книга, тетратка, нотес, весник и др.
Англиски:
page
Задачите за домашната работа се на 80 страна.
Изрази
(разг.) Влече на своја страна - сака да биде по неговото.
Другата страна на медалот - друг поглед на работата.
Шара со очите на четириесет страни.
Тој е на негова страна - го поддржува.
Тоа му е слабата страна - слабост.