црта
мн. црти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3307
1.
Тенка трага повлечена со молив, перо, остар предмет и сл.
Примери:
Повлече една дебела црта.
Ниеден ден - без црта.
Не повлече ни црта.
(разг.) Во кратки црти - сосема кратко.
во главни, општи, основни црти
вертикална, хоризонтална, крива, права црта
2.
Граница, линија што разграничува едно нешто од друго.
Примери:
Падна зад цртата што ја бележеше реката.
Не може да се повлече реска црта помеѓу нив.
3.
(обично во мн.) надворешни белези
Примери:
Имаше правилни црти на лицето.
4.
признак, особеност на нешто
Примери:
Укажа на некои негативни црти на неговиот карактер.
карактеристична црта