а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

строг

строги
Вид збор: Придавка
Ранг: 1890
1. Кој не дозволува шеги, своеволија и сл.
Англиски: strict
Примери:
Татко му беше многу строг.
2. Кој бара многу.
Англиски: demanding
Примери:
строг критичар
строг учител
3. Кој е сериозен до суровост.
Англиски: harsh
Примери:
Тој зборуваше со строг тон.
4. Кој не трпи измени; точно определен.
Англиски: strict
Примери:
Мораше да држи строга диета.
строга дисциплина
5. Кој не дозволува отстранување од примени норми, погледи, убедувања и сл.
Англиски: strict
Примери:
Строги приврзаници на режимот.
6. жесток, тежок
Англиски: severe
Примери:
строга казна
Беше осуден на пет години строг затвор.