Пејоратив - категорија

селаниште повеќе

мн. селаништа
Вид збор: Именка, среден род
селанец
Англиски: yokel
Примери:
Селаниште ниедно!

селанштина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Особина, пројава на селанец.
Англиски: boorishness
Примери:
Не може да не ја покаже својата селанштина.

селјак повеќе

Види и: селанец (м.)
мн. селјаци
Вид збор: Именка, машки род
невоспитан, необразован човек
Англиски: peasant

серко повеќе

мн. серковци
Вид збор: Именка, машки род
Недостоен, плашлив, неснаодлив, недораснат човек.
Англиски: shithead
Примери:
Бегајте од тука, серковци ниедни!

сиромашиште повеќе

мн. сиромашишта
Вид збор: Именка, среден род
сиромав
Англиски: pauper
Примери:
Сиромашишта и тие како нас.

скот повеќе

мн. скотови
Вид збор: Именка, машки род
Бесчувствен, подол човек.
Англиски: brute Албански: shtazë, skot, kafshë
Примери:
И тој стана скот. Скоту ниеден!

славофон повеќе

мн. славофони
Вид збор: Именка, машки род
Во политички текстови во врска со прашањето за Македонците во Грција - лице што зборува на словенски јазик.

смрдливец повеќе

мн. смрдливци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што смрди.
Англиски: skunk
Примери:
Бегајте оттука смрдливци!

стрвник повеќе

мн. стрвници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што подмолно напаѓа чекајќи ја туѓата немоќ или слабост.
Англиски: vulture Албански: lakmitar, i pangopur
Примери:
Агентите како стрвници дебнеа.

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свири лошо на некој инструмент со жици.
Англиски: fiddle Албански: sharroj
Примери:
Везден стружеше на виолината.

студентарија повеќе

Види и: студент (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
студентска популација, студенти
Примери:
Се собрала студентарија пред студентската менза.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш