а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

струи

струјат; струеше, струеја; струел; струен; струејќи; струење
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8715
1. Тече на струи.
Англиски: stream Албански: qarkullon, rrjedh
Примери:
Топла крв струи низ неговите жили.
2. За воздух, светлина - тече на струи.
Англиски: flow Албански: qarkullon
Примери:
Свеж воздух струеше низ собата.
3. се шири
Англиски: spread Албански: përhapet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Веднаш почнаа да струјат новите идеи.