сјае
сјаат; сјаам, сјај, сјајте; сјаеше, сјаеја; сјаел; сјаен; сјаејќи; сјаење
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5254
1.
Испушта сјај, силно свети.
Англиски:
shine
Албански:
shkëlqen, shëndritë
Сјаеше месечината на небото.
Златното сонце сјае.
Слично со:
свети (несв.)
2.
Блести, свети, се одликува со интензивна боја или со беспрекорна чистота.
Примери:
Неколку капки пот му сјаеја на челото.
3.
Се одликува со некое достоинство.
Примери:
Нејзината куќа секогаш сјаеше.
Сјаеше од убавина.
4.
За очи, лице - блести од радост, среќа.
Англиски:
radiate
Албански:
shkëlqen, rezaton
Сјаеше од радост кога ги виде.
Беше среќна, очите ѝ сјаеја.
Слично со:
блести (несв.)