така
Вид збор: Прилог
Ранг: 178
1.
На тој начин, на истиот начин, на еден определен начин.
Англиски:
so
Ако тераш така, улавски, не верувам дека ќе стигнеш.
Како што ми рече, така постапив.
Многу време така му пеело петлето.
2.
Во една определена положба, состојба.
Англиски:
that way
Прозорците беа испокршени од ветрот и така останаа цела зима, непоправени.
4.
туку така (без повод, без причина)
Англиски:
without reason
Не оди тоа туку така.
Слично со:
тукутака (прил.)