тапан
мн. тапани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3704
Македонски народен ударен инструмент, направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни.
Примери:
(разг.) Се надул како еѓупски тапан.
Вид: инструмент (м.)
Изрази
(посл.) Кога ќе се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот - кога сиромавиот ќе најде некоја добра работа, тогаш ќе наиде на разни тешкотии.