тегне
тегнат; тегни, тегнете; тегнев, тегнеа; тегнел; тегнет; тегнејќи; тегнење; тегнав, тегнаа; тегнал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5208
1.
растегнува, протегнува, влече, трга, развлекува
Примери:
Не тегни ги така чорапите зашто ќе се развлечат.
(клетва) Да те тегнат гарвани, бре, синко.
Слично со:
трга (несв.)
2.
тегли, влече
Примери:
(поет.) Не тегне јунак јарем на себе.
И срце го тегне на невратен пат.
4.
Оди во одреден правец.
Примери:
(нар. поез.) Право тегнат в града Манастира.
5.
(се тегне) растегнува се
Примери:
Овие чорапи повеќе се тегнат, поеластични се.
6.
(се тегне) Се протегнува - протегнува мускули (раце, нозе).
Примери:
Немој да се тегнеш пред мајсторот, оти ќе се налути.
7.
(се тегне) Се влече, тешко или оди немарно.
Примери:
Што туку се тегнеш, побрзај малку, зашто ќе задоцниме.
Слично со:
влечка (несв.)
8.
(се тегне) Се мери, ја мери својата тежина.
Примери:
На денешен се тегнат, кој колку тежи.
Изрази
(посл.) Илјада (души) да одат напред, еден да тегне назад - ќе пречи.