а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тежи

тежат; тежел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2483
1. Има определена тежина.
Англиски: weigh Албански: rëndon
Примери:
Повеќе тежат кошевите отколку грозјето.
Само чевлите тежат две кила.
2. Многу е тежок; има голема тежина.
Англиски: weigh Албански: rëndon
Примери:
Тежат пусти синџири, нозете одвај се креваат.
3. Пречи, причинува грижи или маки.
Англиски: disturb Албански: rëndon, shqetëson
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако ти тежи оваа должност, ќе ти дадеме друга.