текне
текна, текнало, текнеше, текнело
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1685
1.
(се) досетува
Англиски:
remember
Албански:
më kujtohet
Тогаш ми текна дека треба да одам на состанок.
Ти текна.
Ни текна.
2.
Паѓа на ум.
Англиски:
occur
Албански:
vjen ndër mend
Што ти текна да ме викаш на гости?
Слично со:
досети (св.)
3.
Добива волја, желба за нешто, посакува.
Примери:
Му даваат од сѐ што ќе му текне за јадење.
4.
Кога на некој ќе му се објаснува нешто, па како прашален обрат.
Англиски:
see
Албански:
të kujtohet
Ти текна!?
5.
(модално) гледа
Англиски:
see
Албански:
sheh, të kujtohet
Јас тогаш станувам малку порано и, ти текна, одам право кај него.