теорија
мн. теории
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1343
1.
Како логичко обопштување на опитот, на практиката, што ги одразува законитостите на природата и општеството.
Примери:
научна теорија
Спротивно од:
практика (ж.)
2.
Како целокупност од правила, основни поставки, научни основни поими на некоја дисциплина.
Примери:
Теорија на музиката, на литературата, на шахот итн.
Спротивно од:
пракса (ж.)
3.
Како целокупност од научни поставки што објаснуваат некои факти, појави.
Примери:
Дарвиновата теорија
Теорија на релативитетот
4.
Обопштен систем на погледи, сфаќања по некакво прашање.
Англиски:
opinion
Албански:
teori, mendim, opinion
Тој има свои посебни теории за бракот и брачниот живот.
5.
Општи апстрактни расудувања наспроти практичната дејност и реалноста.
Примери:
Луѓе, нам сега овде не ни се потребни теории, туку треба да запнеме и да ја свршиме работата.
Слично со:
апстрактност (ж.)