тече
  
     
     
  
  
      
          
            
              течат; течи, течете; течеше, течеа; течел; течен; течејќи; течење; тече, текоа; текол, текле
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 1001
	    
	
    
    
      
          1.
          За река, вода, течност - струи во определен правец. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тивко течат реките. 
	              
	            
	          
	            
	              По образите му течеа солзи.
	              
	            
	          
	            
	              Во неговите жили крв јуначка тече.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  струи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Испушта течност да тече; излегува течност од нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чешмата не тече веќе, ја поправиле. 
	              
	            
	          
	            
	              Од шапките на афионот течеше бел сок.
	              
	            
	          
	            
	              Носот му тече, настинат е.
	              
	            
	          
	            
	              Му тече пот од челото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Пропушта вода, течност - поради некој недостаток, повреда и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Бурето тече.
	              
	            
	          
	            
	              Чевлите ми течат, не можам да одам по оваа кал.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Поминува - обично за време. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Младоста, животот тече. 
	              
	            
	          
	            
	              Годините си течат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          За говор, мисла - се ниже, се одвива едноподруго, без запинање.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мислите му течеа глатко. 
	              
	            
	          
	            
	              Зборовите му течеа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          За интерес - расте.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Интересот ви тече од почетокот на годината.
	              
	            
	          
	            
	              Трошоците течат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (посл.) Кај текла вода (река), пак ќе тече.
          
      
        
          
            (разг.) Лиги му течат - се настрвил.
          
      
        
          
            Ако не тече, капе - работата оди полека, но пак сме задоволни.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        