а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тон

мн. тонови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1387
1. Музички звук со определена височина.
Англиски: tone Албански: tingull
Употреба: Музика и танц
Примери:
акорд од четири тона
низок тон, висок тон
2. Интервал на гамата, кој се состои од два полутона и што се зема како единица при определувањето на разликите на звуците по височина.
Англиски: interval Албански: interval
Употреба: Музика и танц
Примери:
За два тона подолу.
3. (едн.) Карактер, нијанса на гласот, на речта, интонација, звучење на нешто.
Англиски: nuance Албански: nuancë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со другарски, пријателски, заповеднички тон.
4. Начин на постапување.
Англиски: behaviour Албански: sjellje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добар тон (пристојно однесување, такт).
5. (во сликарството) Боја, дејствувањето на сите бои на една слика.
Англиски: colour Албански: ngjyrë
Употреба: Преносно значење
Примери:
мек тон, нежен тон
сив тон, светли тонови
6. (мн. тони; тона) Мерка за маса - 1000 кг.
Англиски: ton Албански: ton
Употреба: Физика
Примери:
еден тон јаглен