торба
мн. торби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 970
1.
Поголемо ќесе од некаква ткаенина или од кожа - за в раце или за на рамо.
Примери:
Дојде со полна торба од пазарот.
питачка торба
Слично со:
ќесе (ср.)
3.
Кај торбарите - отвор во форма на џеб во пределот на стомакот на женката.
Изрази
(разг.) Стави (кладе) си ја главата в торба - преземе голем ризик.
(ирон.) Прав е како јаже во торба - виновен.
Секое месење, торба тресење - живее од денес до утре.