убеди
убедат; убедиш; убедивме
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2421
1.
Увери во нешто, натера да поверува во нешто.
Примери:
Тој ги убеди сите во исправноста на својата постапка.
Го убедив дека не знае доволно.
Како да ги убедиш гласачите дека ако гласаат за промена на изборите нема да се смени само бојата туку и суштината на владеењето?
Слично со:
увери (св.)
2.
Наговори, натера, склони некого да направи нешто.
Примери:
Го убеди да не гради стан.
Слично со:
наговори (св.)