угасне
угаснат; угаснал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7899
1.
Направи нешто да не гори или да не свети.
Примери:
Го угасна огнот.
Ја угасна ламбата.
Спротивно од:
запали (св.)
2.
Заглуши, задуши, направи да исчезне.
Примери:
Му ги угасна сите благородни чувства.
Му ја угасна желбата.
Слично со:
задуши (св.)
4.
(непреод.) Престане да гори или да свети.
Англиски:
extinguish
Албански:
fik
Огнот угасна.
Ламбата угасна.
5.
(непреод.) исчезне, се сврши
Примери:
Љубовта во него угасна.
Животот му угасна.
Славата му угасна.
Изрази
Тој угасна - умре.
(разг.) Ѕвездата му угасна - пропаднал.