упати
упатат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2088
1.
Назначи пат, правец на некого.
Англиски:
direct
Албански:
drejtoj, udhëzoj
Еден дел од војската ја упати на југ, кон морето, а друг на исток.
Го упати на погрешен пат.
Го упати на лошо.
Слично со:
ориентира (св. и несв.)
2.
насочи
Примери:
Ги упати читателите кон новата литература.
Ја упати својата мисла во определен правец.
Слично со:
насочи (св.)
3.
Испрати на или до определено место.
Примери:
Го упати на специјалист.
Стоката му беше веднаш упатена на вашето претпријатие.
Писмото беше упатено на погрешна адреса.
Слично со:
испрати (св.)
4.
За обрат до некого.
Англиски:
address
Албански:
drejtoj, adresoj
Прашањето ти беше упатено тебе.
Упати молба.
Слично со:
адресира (св. и несв.)
5.
Покаже како да се работи нешто, даде упатство.
Англиски:
advise
Албански:
udhëzoj, këshilloj
Јас постапив онака како што ме упати ти.
6.
Посвети во нешто.
Англиски:
orientate
Албански:
orientoj, drejtoj
Го упати во сите тајни.