Гастрономија - категорија

ублажи повеќе

ублажат
Вид збор: Глагол, свршен
облажи
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj

увари повеќе

уварат
Вид збор: Глагол, свршен
Свари, подготви нешто (варејќи).
Англиски: cook Албански: ziej

уготви повеќе

Види и: зготви (св.)
уготват
Вид збор: Глагол, свршен
зготви
Англиски: cook Албански: gatuaj, bëj gjellë

удина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
месо без коски, кревко месо
Англиски: fillet Албански: fileto, mish pa asht
Примери:
телешка удина

ужина повеќе

мн. ужини
Вид збор: Именка, женски род
Јадење меѓу ручек и вечера.
Англиски: snack Албански: meze e lehtë
самата храна
Англиски: snack Албански: meze

ужина повеќе

ужинаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јаде ужина.
Англиски: snack
Примери:
Мајсторите почнаа да сркаат. Со нив седна да ужина и Трајче.

ужинање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Јадење ужина.
Англиски: snack Албански: mezellëk

урда повеќе

(едн.) урдата
Вид збор: Именка, женски род
изварка
Англиски: curd cheese Албански: gjizë
Примери:
една рака урда

урма повеќе

мн. урми
Вид збор: Именка, женски род
Вид палма со слатки костенливи плодови.
Латински: Phoenix dactylifera Англиски: date Турски: hurma Албански: hurmë

усуче повеќе

усучат
Вид збор: Глагол, свршен
За кори, пита: меси, расуче.
Англиски: roll Албански: dredh, rrotulloj
Примери:
Усучи пита.

усучува повеќе

Види и: усуче (св.)
усучуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за кора, пита) меси, расукува
Англиски: roll Албански: gatuaj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш