а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

учител

мн. учители
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1049
1. Оној што ги учи учениците во основно училиште.
Англиски: teacher Албански: mësues, arsimtar
Употреба: Образование
Примери:
Кој ќе ги памети сите деца на кои им бил учител?!
Учителот на прво одделение денеска не дојде.
2. Воопшто оној што учи ученици или други по определен предмет.
Англиски: teacher Албански: mësues
Примери:
учител по пливање
учител за танцување (играње)
учител по музика
учител по математика
3. Оној што со своето учење им го покажува патот на другите.
Англиски: leader Албански: mësues, udhëheqës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гоце Делчев е нашиот водач и учител.