а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

факт

мн. факти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 595
1. Неоспорен вистинит податок или настан.
Англиски: fact Албански: fakt
Примери:
Него го интересираа само фактите.
Ги извртува фактите.
Неоспорен факт.
Тоа е свршен факт.
2. пример, случај, доказ
Англиски: proof Албански: dëshmi
Примери:
На судењето тој изнесе нови факти.
3. Реалност, стварност; неоспорна вистина.
Англиски: reality Албански: realitet
Примери:
Факт е дека тој беше на нивна страна.
Дека сум жив - тоа е факт.
4. Како потврдна честичка со значење: точно, верно, вистина.
Англиски: truth Албански: e vërtetë
Примери:
Факт! - потврди момчето.
Изрази
(разг.) Го стави пред свршен факт - свршен чин.