а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фали

фалам, фалат; фалите; фалеше; фалел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1573
1. Се изразува позитивно, со убави зборови за некого или нешто.
Англиски: praise Албански: lëvdoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Учителот многу го фалеше на родителската средба.
(разг.) Не да го фалам, туку работата го фали.
Секој си го фали своето.
2. (се фали) Се фали, се изразува пофално, позитивно, со убави зборови за себе.
Англиски: praise Албански: lavdëroj
Примери:
Фатила да се фали пред жените.
Доброто само се фали.
3. (се фали) се заканува
Англиски: threaten Албански: lavdëroj, kërcnoj
Примери:
Старецот им се фалеше на децата дека ќе ги натепа.
Доста се фалеше, никој не ти се плаши.
4. недостасува, недостига
Англиски: miss Германски: fehlen Албански: mungon
Употреба: Разговорно
Примери:
Што ти фали?
Изрази
(посл.) Село фали, во град седи.
(ирон.) Умре Ѓупката што те фалеше.
Фали ме, усто, зашто (оти) ќе те раскинам.
(посл.) Кој се фали, (тој) не пали.