фигура
мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1530
1.
Надворешниот вид, изглед на нешто.
Примери:
Оддалеку се гледаа нејасно фигурите на куќите.
Слично со:
форма (ж.)
2.
Образи на разни предмети во книга, на ткаеница и сл.
Англиски:
pattern
Албански:
bëj sipas modelit
Килимот беше ишаран со разни фигури.
Слично со:
шара (ж.)
3.
Опис на некое движење - при танц, при лет на авион и сл.
Примери:
Кога танцуваа заедно, тие изведуваа разни фигури.
4.
Надворешната форма на телото на човек.
Примери:
Меѓу групата луѓе се истакнуваше неговата убава фигура.
Некакви фигури се подаваа во далечината.
5.
Во скулптурата и живописот - лик на човек или животно.
Примери:
Беа изложени повеќе бронзени фигури.
6.
За човек како носител на определени својства.
Примери:
Тој беше централна фигура на движењето.
7.
Во литературата - стилско средство што ѝ дава на речта особена изразност.
Примери:
поетска фигура
8.
Во геометријата - дел од површина.
Примери:
геометриска фигура
9.
Ритмичко-мелодиски елемент што ја украсува музичката творба.
Примери:
Музичката фигура е најизразена кај танците.