фишек
мн. фишеци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5202
1.
Куршум, почесто за зрното од фишекот.
Примери:
Имаше само пет фишеци.
(разг.) Стегнат како фишек.
Фрла фишеци - пука.
2.
корнет за сладолед
Слично со:
корнет (м.)
3.
Наредени еднакви монети завиткани во хартија.
Примери:
Имаше неколку фишека ситни пари.
Витка пари во фишеци.
Слично со:
ролна (ж.)