Филозофија - категорија

фаланга повеќе

мн. фаланги
Вид збор: Именка, женски род
Кај утописките социјалисти - работна општина.
Албански: fallangë

фатализам повеќе

фатализмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење што смета дека сѐ е однапред определено од натприродни сили.
Англиски: fatalism Албански: fatalizëm

фаталист повеќе

мн. фаталисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што верува во неизбежноста на судбината; приврзаник на фатализмот.
Англиски: fatalist

феномен повеќе

мн. феномени
Вид збор: Именка, машки род
Во идеалистичката филозофија - субјективна појава што суштествува само во свеста.
Англиски: phenomenon Албански: fenomen

феноменализам повеќе

(едн.) феноменализмот
Вид збор: Именка, машки род
Субјективно-идеалистички правец во филозофијата кој го негира суштествувањето на објективниот свет.
Англиски: phenomenalism

феноменологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од филозофијата што се занимава со структурите на субјективното искуство и свеста.
Англиски: phenomenology

феудализам повеќе

феудализмот
Вид збор: Именка, машки род
Општествено устројство пред појавата на капитализмот.
Англиски: feudalism

фидеизам повеќе

(едн.) фидеизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење што ја става верата пред знаењето, религијата пред науката.

фидеист повеќе

мн. фидеисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на фидеизмот.

филозоф повеќе

мн. филозофи
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по филозофија, мислител.
Англиски: philosopher Албански: filozof
Примери:
Филозофите досега го интерпретираа светот, но работата е тој да се промени.

филозофски повеќе

филозофскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на филозофија и филозоф.
Англиски: philosophical
Примери:
филозофска категорија

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Во филозофијата - начин на суштествување, внатрешната организација на содржината.
Англиски: form Албански: formë
Примери:
форма и содржина
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш