црв
мн. црви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4377
1.
Животно безрбетник со долгникаво тело; ларви од ова животно.
Примери:
Бараше црвје и ловеше со нив риби.
Дрвото беше полно со црвје.
Слично со:
глиста (ж.)
2.
Ништожен, понизен човек; слабо суштество, дете.
Примери:
Тој не беше човек, а обичен црв.
Зар моиве црви ќе станат некогаш луѓе?
Се витка (вие) како црв (во дрво).
Слично со:
слабак (м.)
3.
Во состав со некои зборови што означуваат некое чувство, состојба.
Примери:
Црв на сомневањето почна да го гризе.
Црвот на каењето.
Слично со:
сомнеж (м.)
4.
Микроскопски ситни претставници од класата Арахнида, со валчести тела што виреат насекаде и се хранат од растителни и животински отпадоци.
Примери:
прашина полна со црви
Изрази
(разг.) Го јаде црв - го мачи.