а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

црпи

црпат; црпете; црпев, црпеа; црпел; црпен; црпејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4633
1. Вади вода обично од некоја длабочина со сад; зафаќа дел од некоја течна маса.
Англиски: scoop Албански: luhare
Примери:
Црпеше вода од бунарот.
Со лопата црпел пари.
Почнал да го црпи песокот со рака.
2. Извлекува, зема нешто од некаде.
Англиски: draw Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од многу книги ги црпеше податоците за својата студија.
3. добива, зема, стекнува
Англиски: draw Албански: nxjerr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оттаму црпеше нови сили.
Црпи мудрост.