draw - онтологија

влече повеќе

влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трга кон себе.
Албански: tërheq
Примери:
Детето ја влечеше мајка си за унечка.
Вовлекува, трга навнатре.
Албански: tërheq, ngrehë
Примери:
Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат.
извлекува
Албански: tërheq, largoj
Примери:
Влече карта од шпилот.

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовлече) навлезе, продре
Албански: depërtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чадот од цигарите се вовлечуваше насекаде.

доцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
доцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со цртање.
Примери:
Доцрта уште една тетоважа на телото.

зацрта повеќе

Види и: црта (несв.)
зацртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да црта.
Албански: fillon të vizatoj
Примери:
Уметникот вешто зацрта по хамерот.
Направи план, набележи насоки на работа, на дејствување.
Албански: vizatoj, përpiloj
Примери:
Компанијата зацрта во својот годишен план зголемување на извозот.

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Пресмета корен, т.е. за кој број некоја величина претставува определен степен, изврши операција коренување.
Албански: llogaritë, nxjerr
Примери:
Извади корен од бројот.

извлече повеќе

извлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие на лотарија или друг вид игри на среќа.
Албански: tërheq
Примери:
Тој ја извлече првата награда.

исцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
исцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пополни со црти, испише црти.
Албански: vizatoj
Примери:
Ги исцрта контурите на објектот.
Изработи цртеж.
Албански: vizatoj
Потроши цртајќи.
Албански: vizatoj
Примери:
Го исцрта целото блокче.

нацрта повеќе

нацртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи цртеж, прикаже некого, нешто, наслика со молив, со боја и сл.
Албански: vizatoj

опише повеќе

опишат
Вид збор: Глагол, свршен
Нацрта, повлече некаква линија или фигура.
Албански: vizatoj, tërheq
Примери:
Таа опиша пред себе полукруг со десната рака.
Нацрта некаква геометриска слика околу друга.
Албански: vizatoj
Употреба: Математика
Примери:
Опише круг.

оцрта повеќе

оцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наслика, нацрта, опише, претстави нешто во главни црти, покаже контури.
Албански: vizatoj, përshkruaj
Примери:
Содржината на неговите книги се движи пак во оние рамки што ги оцртавме.
(се оцрта) Се покаже во своите контури.
Албански: përshkruaj
Примери:
На месечевата светлина се оцртаа силуети на луѓе.

пооцрта повеќе

Види и: оцрта (св.)
пооцртат
Вид збор: Глагол, свршен
Оцрта малку или уште малку.
Албански: vizatoj pak
Примери:
Таа ги пооцрта очите со сина сенка.
(се пооцрта) Се оцрта малку, донекаде.
Албански: vizatoj
Примери:
Преку таа постапка се пооцрта неговиот карактер.

привлече повеќе

привлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се привлече) Се доближи до нешто.
Албански: afrohem
Примери:
Некој се привлече зад оградата.

расцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
(се) расцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да црта.
Примери:
Си се расцртал нешто.

тегли повеќе

теглат
Вид збор: Глагол, несвршен
вади, извлекува
Албански: nxjerr
Примери:
На татка си сабја тегли.
(се тегли) се трга
Албански: tërheq
Примери:
Не се тегли со ништо.

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вади, извлекува
Албански: nxjerr
Примери:
(нар. поез.) Не тргај пушка на мене.
обележува
Албански: shënoj
Примери:
Трга црта, бразда.
(се трга) се повлекува
Албански: tërheq
Примери:
Нема да се тргам, ќе одам до крај.

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
извади, потегна
Албански: tërheq
Примери:
Тој ми тргнал она остра сабја (нар. поез.)
Напие се малку; повлече, вдише.
Албански: heq
Примери:
Тргна малку од чашата и ја врати пак во послужавникот.
обележи, означи
Албански: tërheq
Примери:
тргне граница

тушира повеќе

тушираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Црта или слика со туш.
Албански: vizatim me tush
Употреба: Ликовна уметност

црпи повеќе

црпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извлекува, зема нешто од некаде.
Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од многу книги ги црпеше податоците за својата студија.
добива, зема, стекнува
Албански: nxjerr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оттаму црпеше нови сили.

црта повеќе

цртаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изобразува уметнички со молив, перо, јаглен, бои и сл.
Албански: vizatoj
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Го црташе детето во природна големина.
Приготвува цртеж на нешто.
Албански: vizatoj
Употреба: Технологија
Примери:
Го црташе планот на Скопје.

шукне повеќе

шукнат
Вид збор: Глагол, свршен
вовлекува, става, бутка
Албански: shtyn
Примери:
Го шукнала момчето внатре.