а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

црта

цртаат; цртал; цртан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3940
1. Изобразува уметнички со молив, перо, јаглен, бои и сл.
Англиски: draw Албански: vizatoj
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Го црташе детето во природна големина.
2. Опишува со зборови; мислено претставува.
Англиски: paint Албански: vizatoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во мислите си го црташе своето село и татковата куќа во него.
(разг.) Го црта животот со црни бои.
Ги црташе со љубов до најмали подробности неговите квалитети
3. Приготвува цртеж на нешто.
Англиски: draw Албански: vizatoj
Употреба: Технологија
Примери:
Го црташе планот на Скопје.