а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чука

чукаат; чукал; чукале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3330
1. Удира со нешто.
Англиски: knock Албански: trokas
Примери:
Чука на порта.
Чука со чекан.
2. Удира да добие звук, бие.
Англиски: beat
Примери:
Тапанџијата чука на тапан.
3. Бере плодови со чукање на крошните.
Англиски: pick Албански: mbledh
Примери:
Чука јаболка.
Селаните чукаа ’рж.
4. (за часовник) удира, отчукува
Англиски: tick
Примери:
На полицата чукаше часовник.
5. удира, отчукува
Англиски: tick
Употреба: Безлично
Примери:
Чука дванаесет (часот).
6. става, мота
Англиски: stuff Албански: fut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само чука дрва во огнот, а не праша дали има.
7. За срце, крвни садови и сл.
Англиски: beat
Употреба: Медицина
Примери:
Срцето силно му чукаше.
8. Скопува животно.
Англиски: sterilize
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Денес ги чукаа овните.
9. Пишува на машина за пишување.
Англиски: type
Употреба: Разговорно
10. (се чука) Се удира во нешто или со нешто.
Англиски: knock Албански: rrah
Примери:
Секогаш се чукам на вратава.
11. (се чука) При наздравување - удира чаша со чаша.
Англиски: toast
Примери:
Гостите се чукаа со чашите и им наздравуваа на младенците.
12. (се чука) Со црвени јајца на Велигден.
Англиски: bet
Примери:
Децата се чукаа со вапсаните јајца.
Изрази
Си ја чука главата - многу жали за нешто неостварено, поминато.
Чука празна слама - зборува напразно.
Се чука во гради - се фали.
Се чука по џебот - се фали дека има пари.
Чука туѓа ’рж - се меша во туѓи работи што не се во негова надлежност.
Толку му чука (умот) - не размислува многу пред да заврши некоја работа.