гнетат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење.
Примери:
Торбата ја гнетеше со алишта.
Лакомо, ненаситно јаде, лапа.
Примери:
Залаците ги гнетеше едно по друго во устата.
дават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дави) Нагло, лакомо, многу јаде.
Примери:
Се дави во торти.
загнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гнете, да пика нешто.
Албански:
mbush, rras, fus
Примери:
Таа ја загнете печката со ќумур.
Почне да гнете, да јаде лакомо.
Примери:
Децата загнетија од сувиот леб.
закркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да крка (да јаде и да пие лакомо и обилно).
Примери:
Седнаа на масата и закркаа како никогаш да не виделе јадење.
зачепат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори со чеп.
Примери:
Откако наточи од виното, тој повторно го зачепи бурето.
згнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде, изголта лакомо, ненаситно.
Примери:
Тој беше гладен и згнете половина леб.
изнаакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наака, натрупа во голема мера.
Албански:
shtie, fus shumë
Примери:
Изнаака дрва на огинот.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнагнете) Се најаде лакомо, во голема мера.
Примери:
Се изнагнетоа од зелникот до пукнување.
Вид збор: Глагол, свршен
Напика нешто на некое место.
Примери:
Во торбата изнапика книги, алишта и малку храна.
испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пикне, втера едно или многу нешта со напор, со притисок.
Примери:
Го испика цело ќебе во едно ранче.
(се испика) Влезе со напор некаде.
Примери:
Не знам како се испика толку народ во една соба.
испоначичкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Начичка, насобере многу нешта на тесен простор, во несоодветно нешто.
Примери:
Ја испоначичка облеката во куферот.
колкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - му дава, го тера многу, богато да јаде.
(се колка) За човек - премногу јаде.
кркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде неумерено, лакомо.
Примери:
Кркал cо голем апетит.
набијат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагмечи, повреди со притисок, со удар.
Примери:
Чевелот му ја набил ногата.
набутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бутање, со туркање втера, внесе.
Примери:
Се што најде набута во торбата.
(се набута) Со бутање влезе.
Примери:
Одвај се набутавме сите во автобусот.
нагнетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нагнете) Се прејаде, се преоптовари со јадење.
Примери:
Ама се нагнете грав.
накладат
Вид збор: Глагол, свршен
Кладе, стави, смести нешто во поголемо количество (зимница, дрва).
Примери:
Накладе зелки.
наколкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Преполни, нагнете (вреќа, торба).
Изобилно нахрани со колкање (обично за мисирка).
Албански:
ushqej me kokrra
Примери:
Ја наколка мисирката со ореви.
(се наколка) се испрејаде
наперкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнете, напика во нешто.
Примери:
Наперка во вреќата се што можеше да носи.
(се наперка) Се испрејаде, се нагнете од јадење.
напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Втера, стави со сила, со туркање.
Примери:
Напика сено во вреќата и ја крена на грб.
(се напика) Се смести (обично за повеќемина) во тесен, неудобен простор.
Примери:
Cите се напикаа во една соба.
натискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести на мал простор, нагнете.
Примери:
Не натискаа сите во еден камион како добиток.
(се) натупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Премногу изеде, се прејаде, се нагнете.
нафукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Премногу најаде, испрејаде некого.
Примери:
Ги нафука децата сосила, сѐ и сешто.
(се нафука) Премногу се најаде, се испрејаде.
Албански:
haj tepër, ndërtem
Примери:
Се нафука како три дни да не јал.
нашибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнете нешто (торба, вреќа) премногу, сосила.
Албански:
shtyp, ngjesh shumë
Употреба:
Разговорно
Примери:
Нашиба се што најде во куферот и одвај го затвори.
(се) пикаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става во нешто.
Примери:
Туку пикаше круши в џеб.
Вид збор: Глагол, свршен
Ставање во нешто тесно со сила.
Примери:
Ги пикнал рацете в џеб.
погнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Гнете малку, кратко време.
Примери:
Го погнете ранецот со книги.
Лакомо, брзо изеде.
Примери:
Ги погнете залаците едно по друго набрзина и тргна на училиште.
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнете малку или ушѕе малку.
припикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тискање бутне, стави нешто некаде.
Примери:
Ги припика книгите в чанта.
раскркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да крка.
Примери:
Гостите се раскркале, сѐ изедоа.
стуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, држи
Примери:
Ја стутка книгата в рака.
тапкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера некого сосила да јаде многу.
(се тапка) Се полни со (храна), многу јаде.
трескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу јаде.
Примери:
Од утре нека си готви сама, нека треска.
чукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, мота
Примери:
Само чука дрва во огнот, а не праша дали има.
шибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, трупа, метнува
Примери:
Само шиба в торба сѐ што ќе му дојде до рака, а не прашува дали е потребно.