заредат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да посетува, да оди од еден до друг.
Примери:
Заредија од куќа на куќа да ги собираат парите.
Вид збор: Глагол, свршен
Посети, оди од едно до друго место едноподруго.
Примери:
Во недела стариот ги изреди сите комшии и роднини.
наѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети на кратко.
Примери:
Отиде да ја наѕре сестрата со децата.
намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине, посети некого, нешто.
Примери:
Од Велигден не си намирисал кај нас, нѐ заборави.
поднаѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети на кратко.
Примери:
Го поднаѕрел стариот кога бил в село.
посетат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде кај некого на видување, на разговор.
Примери:
Утредента тие ги посетија своите роднини.
Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место.
Примери:
Тие го посетија родниот крај.
За настан, состојба - дојде, настапи, се појави, настана.
Примери:
Но од кога знаел тој патник кога ќе го посети смртта.
Пребара, види на интернет некаква содржина.
Примери:
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница.
Вид збор: Глагол, несвршен
скокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине на кратко време кај некого, појде по нешто.
Примери:
Ќе скокнам до моите да ги видам.
шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, разодува, талка по разни места, од едно место на друго.
Албански:
shëtis, vizitoj
Примери:
Шета по дуќани.