шета
шетаат; шетав; шетал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 818
1.
Прави прошетка, оди, се движи со цел за одмор, разонода и сл.
Примери:
Секоја вечер шетаа во паркот.
Шета на чист воздух.
2.
Оди, разодува наваму-натаму.
Примери:
Ние седевме, а тој шеташе низ дворот.
Волкот шеташе низ шумата.
Слично со:
талка (несв.)
3.
Оди, разодува, талка по разни места, од едно место на друго.
Англиски:
visit
Албански:
shëtis, vizitoj
Шета по дуќани.
Тој шеташе на коњ по селата.
Сум шетал по многу земји и градови.
4.
За очи, мисла - движи се во разни правци.
Примери:
Очите му шетаа по движењата на гостинот.
Мислата и душата ти шеташе по љубовниците и нечесните жени.