а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шлака

шлакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 28270
1. Удира со дланка по нешто или дланка од дланка, плеска.
Англиски: clap Албански: përplasje
Примери:
Не туку шлакај, ме оглуши.
2. Удира шлаканица.
Англиски: slap Албански: shpull
Примери:
Престани да го шлакаш.
3. Плеска, бранува вода со плескање.
Англиски: ripple Албански: valëzohet
Примери:
Езерото синоќа многу шлакаше.
4. Брбори, тропа, зборува глупости.
Англиски: blab Албански: llomotis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста шлакаш глупости!
5. (се шлака) се плеска
Англиски: pat Албански: flakëroj
Примери:
Не шлакај се така, може да ти се направат модринки.
6. (се шлака) Се удира со дланката по себе.
Англиски: slap Албански: flakëroj
Примери:
Џабе се шлакаш, било што било.
7. (се шлака) Си удира шлаканица себе си.
Англиски: slap Албански: shpull
Примери:
Престани да се шлакаш, не си ти виновен.
8. (се шлака) Се плиска со вода.
Англиски: dabble Албански: bubërroj
Примери:
До кога мислиш да се шлакаш на бунарот?