ѕирне

ѕирнат; ѕирни, ѕирнете; ѕирнав, ѕирнаа; ѕирнал; ѕирнат; ѕирнев, ѕирнеа; ѕирнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4557
1. Погледне низ мал отвор.
Англиски: peep Албански: përgjoj, shikoj
Примери:
Тој ѕирна низ малиот процеп на ѕидот.
2. Види, посети краткотрајно; провери, проконтролира.
Англиски: check Албански: viziton shkurt, çek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го ѕирна другарот во болницата.
Утре ќе те ѕирнат внуците.
Го ѕирна детето, тоа спиеше.
Изведенки
1. ѕирнува несв.
ѕирнуваат
2. ѕирнување ср.
глаг. им.