а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јави

јават; јавија; јавувај; јавеле; (ќе) јавеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 718
1. Соопшти, извести, објави вест.
Англиски: inform Албански: informoj
Примери:
Утрово ми јавија за тоа.
Медиумите јавија за инцидентот.
2. Пријави некого или нешто.
Англиски: report Албански: raportoj
Примери:
Селаните јавиле во полиција дека го виделе човекот од потерницата.
3. (се јави) се појави
Англиски: show Албански: paraqit
Примери:
Се јавила болест кај домашните животни.
Му се јавија бели влакна во косата.
4. (се јави) се огласи, се слушне
Англиски: sound Албански: dëgjua
Примери:
Низ селото се јавија пукотници.
Таа се јави од другата соба.
5. (се јави) се пријави
Англиски: enter Албански: lajmërua
Примери:
Се јавив на конкурсот.
Тој се јави за задачата.
Ако по некој и се јавеше за збор со однапред напишани дискусии, човек остануваше во чудо.
6. (се јави) излезе, се покаже
Англиски: appear Албански: duket
Примери:
Не јавувај се пред мене.
Се јавија кокичиња од под снегот.
7. (се јави) претставува
Англиски: represent Албански: përfaqëson
Примери:
Џинот ќе се јави како еден од првите македонски стихотворци.
Изрази
Жив го нема да се јави - воопшто не се јавил.
Изведенки
1. јавува несв.
(се) јавуваат
2. јавување ср.
мн. јавувања
глаг. им.
Пример: Уште во текот на емисијата имаше голем број телефонски јавувања.