report - онтологија

декларира повеќе

декларираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Означи, означува, пријави, пријавува нешто во декларација
Албански: raportoj
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој не ја декларира целата купена стока.

дојави повеќе

Види и: јави (св.)
дојават
Вид збор: Глагол, свршен
Јави до некого.
Употреба: Правда
Примери:
По пет години му дојавил со телеграма оти ќе дојде да се види со старите пријатели.

извести повеќе

известат
Вид збор: Глагол, свршен
Јави вест некому, соопшти, поднесе извештај за некаков настан.
Примери:
Тој извести за постигнатата спогодба.

јави повеќе

јават
Вид збор: Глагол, свршен
Пријави некого или нешто.
Албански: raportoj
Примери:
Селаните јавиле во полиција дека го виделе човекот од потерницата.

накаже повеќе

накажат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаже, предаде, се пожали на некого.
Албански: tregoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Не задевај се, ќе те накажам на учителот.

обзнани повеќе

обзнанат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе во јавност.
Примери:
„Со вакво постапување на поединци се загрозува правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните.“, обзнани Судот.

отчита повеќе

отчитаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отчита) Даде отчет.
Албански: raportoj
Примери:
Власта треба да се отчита пред пратениците за нејзините политики.

пријави повеќе

пријават
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, поднесе пријава (писмено или усно).
Албански: paraqit
Примери:
Случајот го пријави во полицијата.

рапортира повеќе

рапортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извести, известува, поднесе, поднесува рапорт.
Примери:
Друже командире, заповедта ја извршивме! - рапортираше војникот.

репортира повеќе

репортираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со репортерска работа.

реферира повеќе

реферираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одржи, држи реферат, извести, известува, изложи, излага содржината на нешто.
Албански: refroj, raportoj