јаз
мн. јазови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5991
1.
Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода.
Примери:
Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.
2.
Препрека, нешто што ја попречува комуникацијата меѓу две страни.
Примери:
Инцидентот го продлабочи јазот меѓу двете страни.
Меѓу нив се создаде непремостлив јаз.