Земјоделство - категорија

јаболкобер повеќе

(едн.) јаболкоберот
Вид збор: Именка, машки род
Собирање, берба на јаболка.
Англиски: apple harvest
Примери:
Преспански јаболкобер

јаболчарник повеќе

мн. јаболчарници
Вид збор: Именка, машки род
Место насадено со јаболкници.
Англиски: apple orchard

јаболчиште повеќе

Види и: јаболко (ср.)
мн. јаболчишта
Вид збор: Именка, среден род
Место засадено со јаболкници.
Албански: vend me mollë
Примери:
Низ јаболчиштето се искачија на ритчето.

јагма повеќе

мн. јагми
Вид збор: Именка, женски род
Заедничка нива или ливада, сечие земјиште што го обработува тој што прв ќе дојде до него.
Албански: jagmë

јагни повеќе

јагнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Раѓа јагне.
Англиски: have young Албански: pjell qingj
Примери:
Некои овци јагнат понекогаш по две јагниња.
(се јагни) се раѓа јагне
Албански: pjell qingj
Примери:
Овците се јагнат, а кравите се телат.

јаз повеќе

мн. јазови
Вид збор: Именка, машки род
Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода.
Англиски: ditch Албански: jaz, vijë uji, vadë
Примери:
Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.

јаловак повеќе

мн. јаловаци
Вид збор: Именка, машки род
Зелени ластари кај виновата лоза што се неродни.
Албански: njomëz hardhie

јаловица повеќе

мн. јаловици
Вид збор: Именка, женски род
неплодна земја
Примери:
Од предвидената јаловица се прекриени околу 563 ha почва.

јарем повеќе

мн. јареми
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање.
Англиски: yoke Албански: zgjedhë, zhgedhë

јастак повеќе

мн. јастаци
Вид збор: Именка, машки род
Леа обработена за расад.
Албански: hulli, lehë

јачмениште повеќе

мн. јачменишта
Вид збор: Именка, среден род
Нива посеана со јачмен.
Албански: arë me elb

јонџа повеќе

мн. јонџи
Вид збор: Именка, женски род
Вид детелина.
Англиски: clover Турски: yonca Албански: jonxhë

јуница повеќе

мн. јуници
Вид збор: Именка, женски род
Младо женско говедо што сѐ уште не се отелило.
Англиски: calf
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш