ќердоса
ќердосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13602
1.
Постигне успех, среќа во животот.
Примери:
Кој ќердосал по тој пат?
2.
За женење: земе за жена.
Примери:
Е, виде, девојко, оти пак јас, ќе те ќердосам е.
Слично со:
ожени (св.)
3.
(се ќердоса) Постигне успех во животот, се усреќи, стане среќен, имотен.
Примери:
Да си жив, да се ќердосаш.
Изрази
Да се ќердосаат - благослов при свршувачка или венчавка.