Литература - категорија

егзегеза повеќе

егзегезата
Вид збор: Именка, женски род
Научно толкување на текст, особено на Библијата.
Англиски: exegesis

егзистенцијализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Струја во француската литература.
Англиски: existentialism Албански: ekzistencionalizëm

егзистенцијалист повеќе

мн. егзистенцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на егзистенцијализмот.
Англиски: existentialist
Примери:
Егзистенцијалистите до најголема мера ја избришаа границата мегу филозофијата и уметноста.

експозиција повеќе

мн. експозиции
Вид збор: Именка, женски род
Воведен дел во литературно или музичко дело што ги содржи мотивите кои понатаму се разработуваат.
Англиски: exposition Албански: parathënie

ексцерпција повеќе

мн. ексцерпции
Вид збор: Именка, женски род
Краток извадок од објавено дело.
Англиски: excerpt
Примери:
Ексцерпција на материјал од разни извори.

елегија повеќе

мн. елегии
Вид збор: Именка, женски род
Лирска песна во која се изразуваат тажните чувства и расположенија на поетот.
Англиски: elegy Албански: elegji

еп повеќе

мн. епови
Вид збор: Именка, машки род
Литературна творба во стихови во која се опишани нечии херојски дела или значајни историски настани.
Англиски: epic
Примери:
Епот за Гилгамеш е најстариот пишан споменик во светската литература.

епигонство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дејност, резултат од работата на епигон.
Англиски: imitation

епиграм повеќе

мн. епиграми
Вид збор: Именка, машки род
Кратка сатирична песна, обично со политичка или со поучна содржина.
Англиски: epigram

епиграмски повеќе

Види и: епиграм (м.)
епиграмскиот
Вид збор: Придавка
Во вид на епиграм.

епика повеќе

(едн.) епиката
Вид збор: Именка, женски род
Еден од литературните родови (покрај лирика и драма) кој се карактеризира со опширно и објективно раскажување на некоја случка или настан без да се внесуваат субјективни чувства.
Англиски: epic
Примери:
народна епика

епилог повеќе

мн. епилози
Вид збор: Именка, машки род
Поговор, завршен дел од некое литературно дело, еден вид заклучок.
Англиски: epilogue Албански: epilog
Примери:
Оваа книга нема епилог.

епистоларен повеќе

Види и: епистоларија (ж.)
епистоларниот
Вид збор: Придавка
Што е во вид на документи.
Англиски: epistolary

епистоларија повеќе

мн. епистоларии
Вид збор: Именка, женски род
Книжевно дело напишано во вид на низа од документи.
Англиски: epistolary
Примери:
Писмата-честитки се епистоларија која не носи никакви резултати.

епичар повеќе

мн. епичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пишува епови или употребува карактеристики на епски творби во своите дела.
Примери:
Делата на античките епичари се со трајна вредност.

епопеја повеќе

мн. епопеи
Вид збор: Именка, женски род
Низа настани што се опишуваат во епска песна.
Англиски: epic Албански: epope

еротика повеќе

(едн.) еротиката
Вид збор: Именка, женски род
Љубовна поезија и литература во која се воспеваат сетилните страсти.
Англиски: erotic Албански: erotikë

есеист повеќе

мн. есеисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пишува есеј.
Англиски: essayist

есеистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Литературен род што го опфаќа пишувањето есеи.

есеистички повеќе

Види и: есеј (м.)
есеистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на есеј.
Примери:
есеистички стил

есеј повеќе

мн. есеи
Вид збор: Именка, машки род
Преоден литературен жанр, кратка расправа за некое прашање од литературата, културата, филозофијата во која на научната обработка ѝ се придружуваат белетристички стилски средства.
Англиски: essay Француски: essai
Примери:
филозофски есеј
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч