Литература - категорија

мадригал повеќе

мн. мадригали
Вид збор: Именка, машки род
Ренесансна лирска лесна со пасторално-љубовна содржина.
Англиски: madrigal Албански: madrigal

мемоари повеќе

Вид збор: Именка, множина
Литературен вид во кој се изнесуваат сеќавањата на авторот на некои важни општествени или културни настани во кои учествувал тој или бил очевидец.
Англиски: memoirs Албански: memoare, kujtime

метар повеќе

мн. метри
Вид збор: Именка, машки род
Ритамска мера во поезијата, стапка.
Англиски: meter Албански: metër

метафорика повеќе

мн. метафорики
Вид збор: Именка, женски род
Употреба на метафори во изразувањето.
Англиски: metaphorics
Примери:
Авторот се одликува со богата метафорика во пишувањето.

метрика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за структурата на стихот, за неговиот ритам.
Англиски: meter Албански: metrikë

мит повеќе

мн. митови
Вид збор: Именка, машки род
Народно предание за богови, јунаци, природни појави и измислени настани.
Англиски: myth Албански: mit

моралитет повеќе

мн. моралитети
Вид збор: Именка, машки род
Средновековна драма со морална порака.
Англиски: morality play

мотивика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Севкупност на мотиви, тоа што го даваат мотивите во едно уметничко дело.
Англиски: motivic
Примери:
Средновековната мотивика живее и се протега до 19 век.

мото повеќе

(едн.) мотото
Вид збор: Именка, среден род
Краток натпис, обично по наслов на дело или поглавје, што со формата и содржината ја навестува основната идеја, замисла на авторот.
Англиски: motto Албански: moto
Примери:
Како мото на романот се јавува една народна пословица.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч