Математика - категорија

заграда повеќе

мн. загради
Вид збор: Именка, женски род
Знак што покажува дека еден помал или поголем израз може да се смета како посебна целина, како посебен број.
Англиски: parenthesis Албански: kllapa
Примери:
мала заграда, средна заграда, голема заграда

зафатнина повеќе

мн. зафатнини
Вид збор: Именка, женски род
Просторот што го зафаќа еден предмет и се пресметува обично во кубни метри или сантиметри.
Англиски: volume Албански: vëllim, volum
Примери:
Зафатнина на геометриско тело.

збир повеќе

мн. збирови
Вид збор: Именка, машки род
Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви.
Англиски: sum Албански: shuma
Примери:
Определи го збирот на дадените броеви.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш