Математика - категорија

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Од поголем број одзема помал, ја врши операцијата вадење.
Англиски: subtract Албански: zbret
Примери:
Вади три од петнаесет.

варијабила повеќе

мн. варијабили
Вид збор: Именка, женски род
променлива величина
Англиски: variable Албански: variabël

варијабла повеќе

мн. варијабли
Вид збор: Именка, женски род
Променлива големина, променлива вредност.
Англиски: variable

вектор повеќе

мн. вектори
Вид збор: Именка, машки род
Големина што се карактеризира со својата бројна вредност и насока, која геометриски се претставува со отсечка, определена по должина и насока.
Англиски: vector
Примери:
Математичката апстракција дозволува елементите на векторскиот простор да се наречат вектори, иако директно од нив не се очитуваат количественоста и качественоста.

величина повеќе

мн. величини
Вид збор: Именка, женски род
Општо име за количествен однос меѓу математички или физички објекти (должина, маса, време).
Англиски: dimension Албански: dimension

вертикала повеќе

мн. вертикали
Вид збор: Именка, женски род
Исправена, права линија што формира прав агол со хоризонтална површина.
Англиски: vertical

волумен повеќе

мн. волумени
Вид збор: Именка, машки род
Просторот што го зафаќа некое тело.
Англиски: volume Албански: vëllim
Примери:
Волумен на коцка.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш