Сцена - категорија

едночинка повеќе

мн. едночинки
Вид збор: Именка, женски род
Драмска творба или театарска претстава во еден чин, во еден акт.
Англиски: one-act play
Примери:
Драмите на Антон Павлович Чехов ги истиснуваат едночинките на Атоша Чехонте и тие денес ретко се играат.

екранизира повеќе

екранизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Снима, сними филм според некое литературно дело.
Англиски: adapt for the screen

екстериер повеќе

мн. екстериери
Вид збор: Именка, машки род
Филмски сцени снимени надвор од студио на отворен простор.
Англиски: exterior

епизодист повеќе

мн. епизодисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што игра епизодни улоги, што нема главна улога (во филм, во театар).
Примери:
Тој беше само епизодист, ама остави голем впечаток кај сите.

естрада повеќе

мн. естради
Вид збор: Именка, женски род
Издигнато место на отворено или во сала за изведба пред публика.
Англиски: stage Албански: estradë
Примери:
Говорникот слезе од естсрадата.

естраден повеќе

естрадни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на естрада или што е поврзан со естрада.
Примери:
естраден уметник, естрадна група

ефект повеќе

мн. ефекти
Вид збор: Именка, машки род
Појава што дејствува врз сетилата (звуци, шумови, светло и др.)
Англиски: effect Албански: efekt
Примери:
Светлосни ефекти.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш