Сцена - категорија

балкон повеќе

мн. балкони
Вид збор: Именка, машки род
Издигнат и ограден дел над партерот во театар, киносала и сл.
Англиски: balcony Албански: galeri, ballkon
Примери:
Почна полека да се искачува по скалите спрема балконот во театарот.

бина повеќе

мн. бини
Вид збор: Именка, женски род
Посебно уреден простор на кој се изведуваат театарски претстави, културно-уметнички програми и сл.
Англиски: stage Германски: Bühne Албански: binë, skenë
Примери:
Широка бина.

бурлеска повеќе

мн. бурлески
Вид збор: Именка, женски род
Литературно-сценски вид кој се одликува со претераност на комичните ефекти.
Англиски: burlesque
Примери:
Комичниот репертоар на театарот се движи од бурлеска до карактерна комика.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш