Сцена - категорија

марионета повеќе

мн. марионети
Вид збор: Именка, женски род
Вид кукла што се движи со помош на конци или жици со која се изведуваат театарски, обично детски, претстави.
Англиски: puppet Албански: marionetë, kukull

маска повеќе

мн. маски
Вид збор: Именка, женски род
Во театар - специјална актерска шминка.
Англиски: make-up Албански: maskë

матине повеќе

мн. матинеа
Вид збор: Именка, среден род
Концерт или претстава што се изведува претпладне.
Англиски: matinée Француски: matinée

меѓуигра повеќе

мн. меѓуигри
Вид збор: Именка, женски род
Мала игра вметната меѓу чиновите на претставата.
Англиски: interlude

мизансцена повеќе

мн. мизансцени
Вид збор: Именка, женски род
Распоред на актерите, на декорот и другите предмети на сцената.

мјузикл повеќе

мн. мјузикли
Вид збор: Именка, машки род
Музичко-сценско дело во кое актерите пеат и танцуваат.
Англиски: musical

модератор повеќе

мн. модератори
Вид збор: Именка, машки род
Водител на телевизиска или радио емисија.
Англиски: moderator

монодрама повеќе

мн. монодрами
Вид збор: Именка, женски род
Драма во која настапува само една личност.
Примери:
Квалитетот е пресуден при изборот на монодрамите за битолскиот фестивал.

монолог повеќе

мн. монолози
Вид збор: Именка, машки род
Говор на едно лице во драма, насочено кон самиот себе или кон слушатели, но без дијалог; говор на едно лице насамо.
Англиски: monologue
Примери:
исповедувачки монолог
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш